Sunday, March 9, 2014

МЛЕКО ОД ОРЕВИ


Јас не сум голем фан на млекото, па затоа најдов нешто посовршено со што да го "заменам". А тоа е "млекото" од јатки. Овој пат пробав да направам со ореви и беше супер вкусно! Се прави многу едноставно и брзо, но треба да имате подготвено јатки од претходниот ден. 


Како се прави?


  • 1/2 филџан за чај ореви (се оставаат околу 12 часа да стојат во вода, пожелно е водата да се смени 3 пати, зашто пожолтува)
  • мед (по желба)
  • вода (околу 300 ml)


Кога ќе омекнат оревите се ставаат во блендер, доколку сакате да биде топло можете да ја загреете водата и потоа и неа ја ставате во блендерот заедно со медот. И сето ова заедно го блендате, додека не стане меко и фино. 

It is becoming ... mmmmmmm. Многу вкусно, лесно и чисто!!!

Идеален пијалок за пред спиење. :-)


Thursday, March 14, 2013

ЦЕДЕНИ СОКОВИ И СМУДИ

Започнуваат Велигденските пости, по православниот календар. На 18 март и ќе траат до 5 мај. По тој повод би сакала со сите вас да споделам неколку комбинации на цедени сокови и смуди. :-) Не само во деновите определени за пост, туку убаво е да стекнеме навика барем еден ден во неделата да бидеме само на природни сокови и на изворска вода. Така му помогаме на нашиот дигестивен тракт да се одмори, а и на црниот дроб подобро да се справи со токсините. Ако секоја недела одделувате по еден ден да бидете само на течности (на пример можете во петок) со сигурност ќе се чувствувате подобро, поенергично, полесно и почисто. :-)

Цеден сок 1
2 средни јаболки;
3 големи моркови;
Ги цедиме во соко-цедачка.

Смуди 1
1 банана;
10 јаготки;
Малку изворска вода;
Го ставаме овошјето во блендер и додаваме вода според тоа колку сакаме да ни биде густо.

Смуди 2
2 киви;
1 банана;
Малку изворска  вода;
Го ставаме овошјето во блендер и додаваме вода според тоа колку сакаме да ни биде густо.

Цеден сок 2
2 јаболки;
2 моркови;
1 портокал;
Ги цедиме во соко-цедачка.





Sunday, September 23, 2012

COCO-NUTS




Можеби ова е десертот кој најбрзо се спрема! За околу 10тина минути.  Овие топчиња се идеалното десертче за во есен. 


Потребни состојки:
150 грама бадеми
7-8 урми
малку кокосово брашно 

Ги мелиме бадемите во кафе мелачка. Урмите ги сецкаме во кујнискиот робот или во блендер (најдобри се оние кои се многу меки) и ги мешаме со бадемите. Потоа додаваме малку кокос за да не се лепи смесата, и може една лажичка мед. Ги оформуваме топчиња и ги посипуваме со кокос. 
Ете тоа е тоа.  :-) 

Wednesday, August 22, 2012

ШПАГЕТИ, gluten free




Неколку месеци истражувам за лошите ефекти на глутенот, посебно како се одразува на оние луѓе кои се нетолерантни на глутен. Наскоро ќе објавам поголема статија за влијанието на глутен врз нашиот дигестивен систем. И затоа, решив да спремам шпагети, кои всушност се од зеленчук и се без глутен, се разбира. :)

Потребни состојки

За шпагетите:
Половина долга тиквичка
За сосот:
5 лажички крем од ориз - The Bridge, rice cuisine 
2 лажици таан
1 лажичка мед
сок од пола лимон
1 лукче
малку вода
Тиквичката ја сечете на тенки ленти и потоа ги сецкате шпагетите. А за сосот, сите состојки ги ставате во блендер или пасатор и додавате вода, според тоа колку густ го сакате сосот. 
Уживајте ! :-)